Познати во Кан

ВИДЕО: Новиот филм на Џенифер Лоренс и Роберт Патинсон награден со шестминутен аплауз

„Умри, љубов моја“ е драма што ја прикажува емоционалната и психолошката борба на главниот лик што го игра Џенифер Лоренс. Таа игра жена која се справува со постпартална депресија и се бори со зголемена психолошка нестабилност. Роберт Патинсон го игра нејзиниот сопруг во филмот, а нивната нефункционална врска е прикажана преку низа интензивни сцени.

ВИДЕО: Новиот филм на Џенифер Лоренс и Роберт Патинсон награден со шестминутен аплауз

Џенифер Лоренс и Роберт Патинсон ја воодушевија публиката на Канскиот филмски фестивал со нивната нова психолошка драма „Умри, љубов моја“.

Овој филм е режиран од шкотската режисерка Лин Ремзи, а премиерата беше во саботата, по што публиката го награди со шестминутни овации.

Како што пишува „Варајати“, додека аплаузот одекнуваше во салата, Лин Ремзи го запре аплаузот на публиката со зборовите: „Толку сум преплавена со емоции. Им благодарам на неверојатните актери. Морам да се соберам, се гледаме наскоро“.

„Умри, љубов моја“ е драма што ја прикажува емоционалната и психолошката борба на главниот лик што го игра Џенифер Лоренс. Таа игра жена која се справува со постпартална депресија и се бори со зголемена психолошка нестабилност. Роберт Патинсон го игра нејзиниот сопруг во филмот, а нивната нефункционална врска е прикажана преку низа интензивни сцени.

Сцените со самодеструктивното однесување на главниот лик, вклучувајќи удирање на главата од стаклото, скокање низ стаклени површини и гребење по ѕидовите, предизвикаа бурни реакции кај гледачите.

Филмот е адаптација на романот од 2017 година „Умри, љубов моја“ од авторката Аријана Харвиц, кој се занимава со темата за постпартална депресија и психотични епизоди. Џенифер Лоренс, покрај тоа што ја игра главната улога, работеше на филмот како продуцент. Лакит Стенфилд, Сиси Спејсек и Ник Нот глумат покрај неа и Патинсон во филмот.

To top