Познати за случка во 2015 година

Џејми Фокс обвинет за сексуално злоставување

Во тужбата се наведува дека оскаровецот непристојно допрел жена во популарен ресторан на Менхетен во август 2015 година, пренесува Ројтерс.

Џејми Фокс обвинет за сексуално злоставување

Американскиот актер, пејач и комичар, Ерик Марлон Бишоп, попознат како Џејми Фокс, е обвинет за сексуален напад и телесни повреди.

Во тужбата се наведува дека оскаровецот непристојно допрел жена во популарен ресторан на Менхетен во август 2015 година, пренесува Ројтерс.

Во тужбата поднесена до Врховниот суд на државата Њујорк, жената, која не е идентификувана, тврди дека Фокс намерно и без согласност употребил сила за да ја допре на навредлив начин, откако таа и еден пријател му пришле и се фотографирале со него.

Како резултат на тоа, во тужбата се наведува дека жената претрпела и продолжува да трпи „физичка и емоционална траума, вознемиреност, срам и економска штета“ и бара неодреден износ, пишува Си – Ен – Ен.

Според тужбата, Фокс изгледал како да бил во алкохолизирана во моментот на инцидентот. Претставниците на актерот се уште не ги коментирале наводите.

To top