Синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан пред неколку месеци потполно ја реновираше семејната вила во Шурчин во која сега живеат со сопругата Бојана, синовите и мајката.
Тој во целост го реновираше ентериерот на вилата во која израсна, а сега покажа како изгледа дел од неа по реновирањето.
За разлика од претходно, просториите сега се со топли тонови, а луксузот е забележлив на сите ќошеви.
Мирко овој пат покажа дел од дневната соба во која се гледа голем кристален лустер и голема гарнитура за седење, како и погледот од прозорот кон природата.
Во кујната за разлика од дневната соба преовладува само белата боја, а пред две години го реновираа и базенот кој се наоѓа во дворот и зафаќа поголем дел од него.
Инаку иако и двете сестри имаат базени во своите домови, сепак Бојана и Мирко имаат базен во дворот, додека Богдана и Вељко имаат внатрешен базен кога престојуваат во вилата на Цеца на Дедиње.