Познати

Дуа Липа се мажи: Објавени детали, гостите мора да почитуваат строги правила

Дуа Липа и Калум Тарнер планираат да се венчаат во летото оваа година, а деталите од самата свадбена церемонија ги откри извор близок до двојката за „The Sun“.

Дуа Липа се мажи: Објавени детали, гостите мора да почитуваат строги правила

Дуа Липа и Калум Тарнер веќе некое време уживаат во слатка романса, но се чини дека славниот пар конечно решил да ја официјализира својата врска. Според извор за „The Sun“, популарната пејачка и актерот планираат да се венчаат ова лето и пред таа да наполни 31 година.

Наместо раскошна церемонија, Дуа и Калум сакаат свадба опкружени со семејство и блиски пријатели, и веќе разгледале дискретни места за свадби во Италија и Велика Британија, според изворот.

„Тие ја планираат својата свадба на големо, но деталите строго се чуваат во тајност. Свадбата ќе се одржи ова лето и ќе биде меѓу семејство и пријатели, така што нема да биде спектакл за голем број луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Сите нивни омилени луѓе ќе бидат на свадбата, но ќе има и некои изненадувачки правила. Местата се ограничени само за најблиските“, заклучил изворот, додавајќи дека церемонијата е само за одбран круг луѓе.

Гласините за љубовта на Калум Тарнер и Дуа Липа почнаа да кружат на почетокот на 2024 година, а во 2025 година, пејачката призна дека се свршиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

„Одлуката да остариме заедно, да го делиме животот и, не знам, да бидеме најдобри пријатели засекогаш, тоа е навистина посебно чувство“, изјави таа тогаш.

To top