Никол Кидман ја има главната улога во филмот „Babygirl“ кој во американските кина доаѓа на 25 декември, а за истиот филм ја доби и наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Венеција.
Актерката проговори за снимањето и кажа како била „толку возбудена за време на еротските сцени“ што морале да прекинат со снимањето.
Во филмот, Никол глуми моќна директорка која започнува афера со помлад стажант, а во интервју за The Sun откри дека изведувањето сцени со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, честопати и било премногу за да се справи.
-Имаше огромна количина на споделување и доверба, а потоа и фрустрација таму цело време. Во некои моменти за време на снимањето размислуваав дека повеќе не сакам да доживувам оргазми. Немојте да ми се приближувате. Мразам да го правам ова. Не ме интересира дали ќе бидам допрена повеќе во животот. Доста ми е . Така што речиси се чувствував како прегорував, рече Кидман.
Режисерката на филмот, Халина Рејн, добила инспирација од филмот „Basic Instinct“ во кој глумеле Шерон Стоун и Мајкл Даглас, а била инспирирана и од приказната за жена која „никогаш не доживеала сексуално задоволство“ во текот на 25 години на бракот.
Никол била заинтересирана за филмот бидејќи никогаш не се сретнала со таква улога во текот на нејзината кариера.
Иако сцените беа прилично интимни, а понекогаш и премногу за Никол, актерката верува дека успеала да ги сними бидејќи филмот имал жена режисерка. Покрај тоа, актерите имаа можност да работат и со координаторот на интимните сцени.
Никол добила награда за филмот, но не ја зема лично бидејќи нејзината мајка Жанел починала додека била во Венеција.