Победничката на Евровизија и поп пејачка Марија Шерифовиќ ретко зборува за својот живот, но често споменува колку е врзана за мајка си Верица.
Тие две со години често патуваат заедно, а Марија постојано споменува дека често оди кај Верица и ужива да го поминува времето со легендарната пејачка.
Сега на социјалните мрежи се појави нивна заедничка фотографија од периодот кога Марија беше бебе, а Верица млада мајка. Сите коментираат дека тие две многу наликуваат една на друга.