На 32. роденден на српскиот фудбалер Немања Гудељ, ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ Гудељ, објави низа досега невидени фотографии од нив двајца, а зборовите кои му ги упати беа силни и трогателни.
„Среќен роденден, љубов моја! Те сака твојата сопруга засекогаш и најмногу“, напишала таа.
View this post on Instagram
Немања наполни 32 години, а тој и Анастасија се заедно повеќе од една година. Анастасија и Немања пред речиси еден месец се заколнаа на вечна љубов пред Бога, непосредно пред фудбалерот да замине на американската турнеја, каде одигра три натпревари, од кои првиот на 31 јули.
– Црковната венчавка сега не можеше да се одржи бидејќи во тек е Богородичен пост кој започна на 14. и трае до 28 август. Во договор со свештеникот на семејството Ражнатовиќ, владиката Стефано, Анастасија и Немања се договориле да се венчаат пред тој да замине за Америка. Не им требаше многу за да се организираат, бидејќи имаа само десет сватови – членови на семејството и најблиските пријатели – изјавил изворот.