Пејачот Халид Муслимовиќ е еден од најпознатите музичари во регионот, но многу малку се знае за неговиот приватен живот.
Она што е познато е дека пејачот ја има сопругата Аделиса која никогаш не се експонира во јавност, а сега е фотографирана за прв пат и тоа на снимање на новогодишна програма.
Екипата на „Папарацо Лов“ за ТВ Пинк ја снимила Аделиса иако се обидела да се сокрие, но не успеала.
Витката фигура и убавиот накит веднаш им падна во очи на сите што се нашле таму.
Таа, како и нивните деца, не сака да се експонираат во медиумите и да се појавуваат заедно на настани, па затоа не е чудно што тоа предизвика огромно внимание во јавноста.
Да потсетиме, пејачот со Аделисa Хоџиќ ги има ќерката Лејла и синот Енис.