Пејачката Катарина Грујиќ неодамна се отвори и преку социјалните мрежи проговори за незгодните ситуации кои ги доживува.
Таа истакна дека секојдневно добива илјадници пораки од додворувачи, меѓу кои, за жал, има и разголени фотографии. Катарина истакнала дека ваквата содржина ја шокирала, но притоа брзо реагира и ги брише ваквите пораки.
Пејачката открила дека некои додворувачи се многу груби и бараат необични работи како фотографирање на нејзините стапала или испраќање слики од интимни делови. Пејачката истакнува дека се обидува да блокира такви профили, и дека не сака некој да и се додворува преку социјалните мрежи.
– Сè може да се најде во моите пораки на Инстаграм или Фејсбук! Секојдневно добивам илјадници пораки од додворувачи, кои знаат да бидат многу груби! Некои момци ме прашуваат да им ги сликам стапалата, а други ми испраќаат слики од нивните интимни делови секој ден. Тоа е страшно! Се обидувам да блокирам такви профили. Некои ми нудат брак, а потоа почнуваат да набројуваат што се подготвени да направат за мене. Инаку, не ми се допаѓа некој да ми се додворува преку социјалните мрежи – признава Грујиќ.