Познати чудните патеки на животот

Димитриевски: Мојот најрадосен ден беше денот кога сите ја споделувавме тагата за загубата на Тоше

Новинарот открива и на какви чудни патеки ќе те однесе животот кога во еден ден личната радост ќе се преплете со националната тага.

Димитриевски: Мојот најрадосен ден беше денот кога сите ја споделувавме тагата за загубата на Тоше

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Естрадниот новинар и уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски раскажува за средбите, дружењата професионални и приватни со Проески.

Вели, да беше жив веројатно денес и Европа и светот ќе го славеа.

-Замина, ама никогаш не замина. Го нема повеќе само физички, но неговите песни, дела, аура, хуманост вечно ќе ги паметиме, вели Димитриевски.

Тој зборува и за првата фестивалска победа на Проески и неговото прво интервју/ изјава.

Новинарот открива и на какви чудни патеки ќе те однесе животот кога во еден ден личната радост ќе се преплете со националната тага.

Вознемиреноста од веста за смртта на Проески влијаело и на раѓањето на ќерката на Димитриевски.

-Добив ќерка, нека ти е жива и здрава, ми велеа, но го изгубивме нашиот ангел. Мојот најрадосен ден беше денот кога сите ја споделувавме тагата. Голема лична радост и најголемата тага за Македонија, регионот, вели Димитриевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMmedia doo (@kurir.mk_official)

To top