Познати трендот наречен „канцелариска сирена“

Џеј-Ло во „носталгично“ модно издание од 90-тите во најавениот нов спот

Обожавателите веќе имаа можност да ја слушнат песната пред нејзиното официјално објавување. „Save Me Tonight“ беше изведена лани на настап на нејзината турнеја. Ова е нејзино прво големо музичко најавување за 2026 година и претставува соработка со Дејвид Гета, со кого претходно имаше успешни денс-песни.

Џеј-Ло во „носталгично“ модно издание од 90-тите во најавениот нов спот

Џенифер Лопез, најавувајќи ја својата нова песна „Save Me Tonight“ („Спаси ме оваа вечер“) и целосниот видеоспот, којшто излегува на 6 март, се појави во впечатливо модно издание инспирирано од 90-тите.

Имено, во новото кусо видео што го сподели на својата Инстаграм-приказна, таа носи костум во беж боја, неколку броја поголем и со длабоко деколте коешто го открива кафеавиот градник под него. Тоа е трендот наречен „канцелариска сирена“, при што поголемото одело има широки рамења и поголеми ногавици. Нејзината фризура со долги брановидни шишки и шминката, исто така, го следеа носталгичниот стил од 90-тите. Изгледот, латино-пејачката го надополни со очила за сонце, златен накит и сандали со платформа, а внимание привлече и скапата чанта…

Според модните познавачи, имено, луксузната чанта „Хермес Биркин“ вреди околу 76.000 долари, објави списанието „Ин-стајл“ (InStyle).

Обожавателите веќе имаа можност да ја слушнат песната пред нејзиното официјално објавување. „Save Me Tonight“ беше изведена лани на настап на нејзината турнеја. Ова е нејзино прво големо музичко најавување за 2026 година и претставува соработка со Дејвид Гета, со кого претходно имаше успешни денс-песни. (МИА)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

To top