Париз е местото каде што целото семејство Бекам ги помина последните неколку дена, бидејќи Викторија си ги остварува соништата – нејзината најнова колекција излезе во јавност, ни помалку ни повеќе, туку на модната недела во Париз.
Како и секогаш, најголемата поддршка ја доби од сопругот Дејвид Бекам и синовите Бруклин (25), Ромео (22) и Круз (19), а и нејзината ќерка Харпер Севен (13) не го пропушти овој важен настан.
Очекувано, на Бруклин му се придружи сопругата, со која креаторката е во многу добри односи, иако не беше се прекрасно од самиот почеток.
Изненадување за сите беше појавувањето на нивниот најмлад син Круз, кој на ревијата дојде со својата девојка, која, како што објавија странските медиуми, е дури десет години постара од него.
Тие наводно се во врска од јуни, а станува збор за германско-бразилската кантавторка Џеки Апостел, пишува Дејли Меил.
Тие наводно до сега ја криеле својата врска од јавноста.
Се следат на социјалните мрежи, но сè уште немаат објавено заеднички фотографии, а заносната бринета ја означи Викторија на Инстаграм по ревијата.
-Најубавата ревија и најубавиот фустан. Секоја чест, напиша покрај фотографиите на кои е во фустанот што го носеше на ревијата.
View this post on Instagram
Многумина забележаа и дека Џеки, поради нејзината темна коса и витката градба, физички многу личи на Викторија.
Викторија на Инстаграм објави фотографија од својот најмлад син и неговата девојка, заблагодарувајќи им се за поддршката и потврди дека ја поддржува нивната врска.
View this post on Instagram