Денеска е еден од ретките денови кога се појавува таканаречениот “датум на огледало“. Имено, во светот на астрологијата датумот во огледало се смета за многу магичен ден, а со оглед на тоа дека 12.12 е последниот датум на огледало во 2023 година, астролозите препорачуваат да го преиспитате животот, да правите нови работи и да постигнете нешто по што копнеевте.
Од античките времиња, бројот 12 има големо значење во различни култури поради многу причини, почнувајќи од нумеролошки, математички, архетипски и духовни.
Нашата годишна календарска година е поделена на 12 месеци, има 12 часа на часовникот и има 12 архетипски хороскопски знаци и во западниот и во кинескиот зодијак. Значи оваа бројка е насекаде.
„Разградувањето“ на бројката открива зошто се смета за значајна. Дванаесет се составено од еден и два. Во нумерологијата, бројот еден е во корелација со независноста, индивидуалноста, иницијацијата и новите почетоци. Бројот два е за чувствителност и трпеливост.
Нумерологијата на бројот 12 е три (1+2=3), број кој ги нагласува чувствата и односите. Во меѓувреме, нумерологијата на целосниот датум, 12/12, е шест (1+2+1+2=6), за која се вели дека е поврзана со идеализмот.
Исто така, оваа комбинација на броеви во нумерологијата означува крај на еден циклус и почеток на нов. Затоа треба да гледаме позитивно на овој ден и да размислиме каде би можеле да ја насочиме целата позитивна енергија.