Дејвид Бекам сними разголена реклама за својот нов парфем кој деновиве го претставува.
Дејвид Бекам ги израдува своите фанови откако се соблече за да го промовира својот нов парфем во возбудливо видео.
48-годишниот поранешен фудбалер ги покажа мускулите и тетоважите додека лежи на кревет во откопчана бела кошула и објави интригантното видео на неговиот профил на Инстаграм. Дејвид заводливо погледнува во камерата и ги покажа своите импресивни стомачни мускули и бицепси.
„Го претставувам мојот сосема нов парфем, True Instinct… Ми се допадна снимањето со Кас Блекберд“, напиша тој во описот.
Фановите веднаш го пофалија, а многумина заклучија дека знае што прави.
View this post on Instagram