Фолк пејачот Дејан Матиќ го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, а сега во емисијата „Амиџи шоу“ на Пинк ја задоволи љубопитноста на гледачите, а во рубриката „Прашања од Инстаграм“ откри детали од приватниот живот.
Имено, гледачите ги интересираше што прават неговите деца, а Дејан откри:
„Се занимаваат со музика, но тоа е уште на почеток. Зоран има 11 години, Константин 9 години“ – рече Дејан, а на шеговитото прашање на Амиџиќ кој син го сака повеќе, рече:
-Знам кого тие најмногу сакаат, а јас ги сакам двајцата, изјави Дејан.
Инаку, Дејан се ожени со сопругата Јелена во јули 2012 година, прво во црквата Свети Василиј Острошки на Бежанијска коса, а потоа склучиле граѓански брак, додека се запознале една година претходно.
Таа се појави и во неговиот спот за песната „Ona je moja“.
-Сопругата е постојано со нив и веќе се навикнаа на нејзиниот повишен тон. И јас успеав да изградам авторитет, а како се снајдов, не ме прашувајте, не ни знам. Никогаш немам повишен тон. Создадов систем на награда и казнување, второто во ретки моменти. Кога ги казнувам, тоа значи дека ја надминале секоја мерка, изјави Дејан.