Познати

Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе

Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе

Братот на Дарко Лазиќ трагично го загуби животот денес на пат кон својот дом. Драган Лазиќ почина враќајќи се дома откако поминал заеднички моменти само неколку часа претходно со својот брат Дарко, кој пред два дена се врати од Малдивите.

Драган Лазиќ загина во сообраќајна несреќа при пад од мотоцикл. Дарко и Драган го поминале попладнето заедно во кафуле во Шабац.

Драган загина враќајќи се дома, по судир со патничко возило. Според првичните информации, Драган се судрил со автомобил кој му го пресекол патот.

– Кога бил информиран дека Драган имал несреќа, Дарко Лазиќ отишол во службата за итни случаи на Здравствениот дом во Шабац. Кога ја дознал трагичната вест, плачел, па изгубил свест. Подоцна се упатил кон Владимирци, кон местото на несреќата – изјавил извор за Информер.

To top