Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина неодамна ја објавија прекрасната вест дека го чекаат своето прво заедничко дете.
Катарина и Дарко го дознаа и полот на детето, па славеа во родниот град на пејачот.
Заљубениот пар ќе добие девојче.
Како што откри пејачот за емисијата Ексклузив, неговата наследничка ќе се вика Срна!
-Катарина и јас разговаравме за тоа и се договоривме да биде Срна. Некако ми се допаѓа тоа име… би сакал да остане така, а ако не, ќе биде како што ќе одлучи Кача, засега е Срна, изјави пејачотза оваа емисија.