Познати

ЦЕЦА ОД МИНУТА ЗАРАБОТУВАЛА ПО 1.000 ЕВРА – еве за само колку песни испеани во Скопје може да купи стан, Теа Таировиќ добро „ќари“ од ромскиот бал

ЦЕЦА ОД МИНУТА ЗАРАБОТУВАЛА ПО 1.000 ЕВРА – еве за само колку песни испеани во Скопје може да купи стан, Теа Таировиќ добро „ќари“ од ромскиот бал

Светскиот ромски бал помина во најдобар ред, а на него се појавија многу музички имиња од соседна Србија.

Меѓу нив најмногу внимание привлекоа Светлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ, малку помалку Весна и Џоле Џогани како и Сара Рељиќ.

Теа Таировиќ се појави прво еднаш отпеа неколку песни, па ја покани Цеца на сцената која пееше 50 минути, а потоа повторно излезе на сцената и ја запали истата Теа Таировиќ.

За цели 50 минути Цеца била искеширана со 50.000 евра, што значи дека од минута пејачката земала 1000 евра пеејќи ги нејзините најголеми хитови.

Иако многу помала сума, но не и за потценување заработи и Теа, таа дома од Скопје се врати побогата за 35 илјади евра.

Инаку многу од присутните и од организаторите не беа задоволни од односот на Цеца која претходно потпишала договор во кој имала многу големи и нереални барања. Таа не сакала да се фотографира со никого, па ниту со еден од главните виновници кој ја донесоа Цеца на Светскиот ромски бал.

Цеца и Теа исто така не дава никакви изјави за новинарите, ниту сакаа да комуницираат со нив.

Најнови вести од Познати

To top