Познати Емотивна прослава

Брус Вилис тешко болен го прослави роденденот: Деми Мур сподели прекрасни спомени од младоста (ФОТО)

Со нежни зборови: “Среќен роденден! Те сакаме и благодарни сме што те имаме”, Деми Мур му посака среќен роденден на поранешниот сопруг.

Брус Вилис тешко болен го прослави роденденот: Деми Мур сподели прекрасни спомени од младоста (ФОТО)

Домот на Брус Вилис вчера беше полн со радост додека актерот го прослави својот 69-ти роденден. Иако е тешко болен, овој херој на акционите филмови бил доста активен, а за роденден го собрал семејството за да се забавуваат заедно.

Секако, прославата не ја пропушти ниту поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, која на својот Инстаграм профил објави видео како среќно се бакнува со актерот додека нивната најстара ќерка Румер Вилис ги снима.

Деми Мур објави и многу емотивни фотографии со славеникот. Додека на првата се гледа Брус Вилис во поодмината фаза на болеста додека на каучот разменува поглед полн со нежност и топлина со Деми Мур, следната фотографија многумина растажи, бидејќи на неа се гледа актерот со неговата внука.

Сепак, последната фотографија ги скрши срцата на корисниците на Инстаграм. Деми Мур објави слика од Брус Вилис од неговите помлади денови кога тој беше со полна сила гушкајќи ги своите ќерки.

Со нежни зборови: “Среќен роденден! Те сакаме и благодарни сме што те имаме”, Деми Мур му посака среќен роденден на поранешниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

To top