Познати напишала песни за други пејачи

Бритни Спирс: Никогаш нема да ѝ се вратам на музичката сцена

Бритни се огласи откако во западните медиуми се појавија написи дека им се обратила на уметничките Карла Екс-си-екс и Џулија Мајклс за да ѝ помогнат да направи нов албум.

Бритни Спирс: Никогаш нема да ѝ се вратам на музичката сцена

Бритни Спирс изјави дека никогаш нема да ѝ се врати на работата со музика. Имено, таа на Инстаграм ги отфрли неодамнешните пишувања во медиумите дека снима нов албум.

„Да бидеме на јасно – повеќето вести се ѓубре. Тие (медиумите) постојано велат дека им приоѓам на случајни луѓе за да направам нов албум… Никогаш нема да ѝ се вратам на музичката индустрија“, изјави американската пејачка.

Таа, сепак, додаде дека последниве две години напишала неколку песни, но за други пејачи.

„Кога пишувам, јас пишувам заради забава или за други луѓе! За оние од вас кои ја прочитале мојата книга, има многу нешта што не ги знаете за мене… Напишав над 20 песни за други луѓе овие две години. Јас сум ’писателка во сенка’ и искрено уживам во тоа“, вели Бритни.

Таа се осврна и на неодамнешните написи за нејзината книга.

„Луѓето, исто така, велат дека мојата книга е објавена незаконски, без моја дозвола… И тоа е далеку од вистината. Дали ги прочитавте вестите овие денови? Јас сум сакана и благословена“, додаде некогашната музичка ѕвезда.

Бритни се огласи откако во западните медиуми се појавија написи дека им се обратила на уметничките Карла Екс-си-екс и Џулија Мајклс за да ѝ помогнат да направи нов албум. Тоа би бил нејзиниот прв албум по осум години. Според тие наводи, Спирс сè уште нема снимено ниту една песна бидејќи проектот бил во својот зародиш.

To top