Aмериканската поп-ѕвезда Бритни Спирс јавно му се извини на некогашното момче Џастин Тимберлејк за некои нејзини поранешни изјави, но и ја пофали песната „Selfish“ од неговиот претстоен албум. Но, таа кусо потоа го направи својот профил затворен, пренесува „Јаху“.
Тие двајца беа еден од најпознатите парови на почетокот од овој век. А, нивната врска лани повторно привлече внимание благодарение на мемоарите на Спирс – „Жената во мене“ (The Woman in Me)… Според тие пишувања, на пр., таа била бремена со бебе на Тимберлејк кога биле во врска, но абортирала затоа што тој се чувствувал премногу млад за да биде татко.
-Сакам да се извинам за некои работи што ги напишав во мојата книга. Ако навредив некого од луѓето за кои искрено се грижам, многу ми е жал. …Исто така, сакам да кажам дека сум вљубена во новата песна на Џастин Тимберлејк „Selfish“. Таа е многу добра и како тоа секогаш кога ќе ги видам Џастин и Џими заедно, се смеам од срце, напиша таа на Инстаграм.Извинувањето на Спирс уследи откако обожавателите ја истуркаа нејзината песна од 2011 година „Selfish“ на врвот на топ листите на „Ајтјунс“, над новата истоимена песна на Тимберлејк, објавена минатата недела.
Тимберлејк потврди дека ќе објави и нов албум, под наслов „Everything I Thought It Was“, во март. Најавена е и турнеја низ САД, којашто почнува во април.