Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го доби третото внуче Исаиј, од синот Вељко и снаата Богдана.
По тој повод, фолк ѕвездата организираше прослава, на која присуствуваа многу нејзини пријатели, меѓу кои и Маја Беровиќ и Вики Миљковиќ.
Цеца сега се присети на забавата, а во таа прилика се пошегува за можното, повторно, проширување на семејството:
„Маја е одличен лик, пријателка и шегаџија. Не треба да зборувам за Вики, се знаеме од детството. Таму требаше да бидат уште неколку колеги, но тие беа на одмор, некои на настапи… Но, како што одат работите, сега ќе има и четврт член на семејството, па наскоро ќе се собереме (се смее). Се шегувам, навистина треба да одмори Богдана…“.
Меѓу другото, пејачката се осврна и на нејзината соработка со Жељко Јоксимовиќ, најавувајќи дует без да открие повеќе детали.