Познати бизниот пред се

Бизнисот со шминка пред сè: Селена Гомез го избришала видеото за депортациите за да не ги изгуби клиентите што го поддржуваат Трамп

Светската ѕвезда Селена Гомез неодамна сподели видео во кое низ солзи зборуваше за имиграциската политика на Доналд Трамп, но само неколку часа подоцна го избриша. Причината, според извори блиски до пејачката, е стравот дека ќе изгледа „слабо“ и дека може да ги оддалечи републиканските поддржувачи на нејзиниот бренд „Рер бјути“.

Бизнисот со шминка пред сè: Селена Гомез го избришала видеото за депортациите за да не ги изгуби клиентите што го поддржуваат Трамп

Светската ѕвезда Селена Гомез неодамна сподели видео во кое низ солзи зборуваше за имиграциската политика на Доналд Трамп, но само неколку часа подоцна го избриша. Причината, според извори блиски до пејачката, е стравот дека ќе изгледа „слабо“ и дека може да ги оддалечи републиканските поддржувачи на нејзиниот бренд „Рер бјути“.

Во емотивната објава на Инстаграм, 32-годишната пејачка и актерка зборуваше за масовните депортации што се случија во САД минатиот викенд, кога беа уапсени речиси 1.000 недокументирани имигранти.

„Сите мои луѓе се нападнати. Децата… не разбирам. Ми е жал, сакам да помогнам, но не знам како,“ кажа Гомез низ солзи.

Очекувано, видеото предизвика силни реакции, особено од поддржувачите на Трамп. Еден од најгласните критичари беше кандидатот за Сенат, Сем Паркер, кој дури побара Гомез да биде депортирана, нарекувајќи ја „потомок на нелегални имигранти“.

Според извор на „Дејли мејл“, Гомез брзо ја повлекла објавата бидејќи не сакала да влезе во политички конфликт.

„Таа сфати дека не може да се спротивстави на нација во која голем дел од населението поддржува Републиканци – многумина од нив се нејзини лојални клиенти. Не сака да ги оддалечи од себе“, вели изворот.

Иако длабоко сочувствува со имигрантите, таа верува дека не може да ја добие оваа битка, особено откако многумина ја нападнаа со тврдења дека, наместо да плаче, би можела финансиски да помогне.

„Селена сакаше да биде искрена и да ја подигне свеста, но сфати дека нејзината порака ќе беше поефективна без солзите“, додава изворот.

Откако видеото беше избришано, социјалните мрежи беа преплавени со коментари. Некои ја обвинија дека е „површна“, а други ја потсетија дека нејзиното богатство се проценува на 1,3 милијарди долари и дека може да направи повеќе од само споделување емоционални видеа.

Меѓу критичарите се најде и британскиот новинар Пирс Морган, кој ја нарече нејзината реакција „ново ниво на нарцизам кај славните личности“. Советникот на Трамп за гранична безбедност, Том Хоман, пак, ѝ порача дека, доколку не ѝ се допаѓа политиката, треба да се обрати во Конгресот за да ја промени.

Ова не е првпат Гомез да зборува за имиграциските прашања. Во 2019 година, таа го продуцираш документарецот „Недокументирано живеење“ („Living Undocumented“), во кој ги раскажуваше приказните на недокументирани семејства во САД. Во есеј за „Тајм“, тогаш изјави дека ова е тема за која размислува секојдневно и дека чувствува одговорност да го користи својот глас за оние што се плашат да зборуваат.

Иако нејзиното последно видео предизвика бурни реакции, Гомез испрати уште една порака по неговото бришење: „Очигледно не е во ред да се покаже емпатија за луѓето.“

To top