На почетокот на годинава веста за разводот на популарниот пејач Харис Џиновиќ и неговата сопруга Мелина Џиновиќ ја шокираше јавноста.
По 22 години брак, парот реши да се раздели и секој да тргне по својот пат, а медиумите веднаш почнаа да шпекулираат за причините за нивната разделба.
И додека кружеа шпекулации за причините за разводот, Мелина неодамна повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат за нејзината нова љубовна приказна.
Како што пишува Блиц, Мелина веќе ужива во врска со претприемач кој е две години постар од неа.
-На сите им е јасно дека бракот на Мелина и Харис одамна го изгубил својот сјај и дека само прашање на денови беше кога ќе се разведат. Иако нивната врска почнала да се лади долго пред таа да го напушти семејниот дом, таа успеала да сокрие дека вистинската причина да стави точка на тој брак е маж кој го запознала минатата година и со кој влегла во романса, открива извор близок на Мелина.
Изворот наведува и дека Мелина е многу заљубена.
-Нејзиниот нов емотивен партнер е еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена на Балканот. Секој слободен момент го користат да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како заљубена тинејџерка. Со оглед на тоа работата му е примарна и дека сака сликата што постои за него да биде чиста, се договориле да кријат дека се заедно додека можат, додава изворот.
Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската и често се шегуваат дека таа конечно има партнер кој и прилега.