Јелена Карлеуша откри досега непознати детали за животот на Џеј Рамадановски и семејството Ражнатовиќ.
Таа за „Курир.рс“ вели дека е парадокс Цеца да ја пее насловната нумера за филмот за животот на Џеј а токму нејзиниот сопруг наредил да се убие братот на пејачот, Иса Лера.
– Колку што знам, Аркан го уби братот на Џеј Рамадановски. Значи, тоа е познато. Не знам што е прикажано во филмот, но ме растажи што Џеј го знаеше тоа, но тој беше принуден да биде забавувач на тие ликови како Аркан бидејќи немаше друг избор, вели Карлеуша.