Познати целосно го променил животот

Антонио Бандерас пред 6 години доживеа срцев удар: Денес тврди дека тоа било најдоброто нешто што му се случило

За време на тренинг, Бандерас почувствувал силна болка во градите, за која подоцна се утврдило дека е срцев удар.

Актерот Антонио Бандерас доживеа срцев удар во 2017 година, по што целосно го промени начинот на живот.

За време на тренинг, Бандерас почувствувал силна болка во градите, за која подоцна се утврдило дека е срцев удар.

-Тоа ме натера да го ценам животот на сосема поинаков начин и на многу посилен начин. Тоа го промени мојот живот целосно и засекогаш, изјави актерот во емисијата „This Morning“.

Многумина истакнаа дека тогашната девојка на Бандерас, Никол Кимпер, му го спасила животот, бидејќи за време на нападот му го дала најсилниот лек што го купила за главоболка претходниот ден.

-Сепак, имав среќа бидејќи срцев удар може да те убие токму вака… На некој начин, тоа е една од најдобрите работи што ми се случиле во животот, да имам срцев удар, додаде Антонио, кој се откажа од алкохолот и цигари по овој настан.

To top