Пејачката Ана Николиќ зборуваше за најтешкиот момент во животот, борбата со килограмите, но и желбата целосно да ја заврши кариерата.
-Некогаш сакав да ја уништам Ана Николиќ на несвесно ниво, со 105 килограми седев во фотелја и не успевав. Не знам како им текна на другите дека можат да ме уништат, кога јас самата не успеав во тоа. Навикната сум да бидам убава и згодна, во одреден момент тоа беше проблем, рече Ана и продолжила:
-Од породилиште излегов многу горда, а тоа не ме интересираше тогаш, но подоцна ме интересираше. Јадев сè затоа што никогаш не ми се лошеше, но подоцна морав да намалам. Имав и здравствени проблеми, па вклучив лекови, малку лекови, малку инает… Тара ми беше двигател за се, седам на лента, таа седи, јаде чипс и вели: ‘Мамо, ти можеш’ . Таа е мојот успех во животот, раскажа пејачката.
Таа посочи дека по тешката борба, симболично кажано, повторно се родила АНА.
-Ја родив малата Ана во секоја смисла на зборот. Ментално, психолошки, секако. Пред некој ден ми рече пред другарките: „Мамо, зошто не си нормална?’“- се насмевна Николиќ на крајот од емисијата „Премиера викенд-специјал“.