Ретко кој може да предизвика лавина на реакции на социјалните мрежи, како тоа што го прави пејачката Ана Николиќ.
Истото го направи и овој пат, откако објави видео од соблекувалната на една продавница во која беше.
Имено таа сподели кадри од гардеробата на еден бутик, а на неа се гледа црна наметка која изгледала буквално како ноќница на себе, а на нозете имала мрежесто чорапи во вид на подвезици.
Коментарите само се нижеа, а следбениците и порачаа дека „гори“ во ова свое издание во кое во еден момент и се виде и брадавицата од градата.