Познати Итно е испратена на болничко лекување.

Ана Николиќ претепана од партнерот, со повреди примена во болница – тој доби полициска мерка

Ратковиќ е обвинет за семејно насилство.

Ана Николиќ претепана од партнерот, со повреди примена во болница – тој доби полициска мерка

Пејачката Ана Николиќ го пријавила својот партнер Горан Ратковиќ-Рале за насилство, објавуваат српските медиуми.

Прво отишла во полиција, каде го пријавила својот партнер, а по прегледот во Институтот за итна медицина, забележано е дека пејачката има физички повреди и е видливо вознемирена. По прегледот, Ана итно е испратена на болничко лекување.

Пејачката претрпе повреди на главата и рацете, каде што има хематоми, а лекарите утврдиле дека не е во сериозна опасност.

Николиќ неодамна требаше да настапи во клуб во Будва, но непосредно пред свирката одлучи да го откаже концертот наводно затоа што била премногу уморна.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Како што дознава српски „Блиц“, на Рале Ратковиќ му е изречена итна полициска мерка поради насилство врз пејачката Ана Николиќ.

Ратковиќ е обвинет за семејно насилство.

To top