Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ повторно ги воодушеви следбениците на Инстаграм со својот стајлинг. Не покажа ниту голотија ниту претера со додатоците, а сепак изгледа луксузно.
На фотографијата која ја објави на својот профил, Ана носи жолт фустан со пошироки ракави, кој детално ја истакнува нејзината совршена фигура. Со овој прекрасен фустан таа искомбинирала сандали со потпетици, кои исто така имаат жолта боја и одлично прилегаат на нејзината фигура.
Нејзиниот скромен, но уникатен изглед го комплетираше чантата во пастелно сина боја, како и часовникот и нараквицата во кои доминираа златно-жолтите нијанси.
Оваа совршена комбинација ја комплетираше со шминка „природен изглед“, а во нејзин стил е и фризурата,едноставна.
View this post on Instagram