Актерот Жарко Лаушевиќ (63) почина вчера на 63-годишна возраст по битка со тешка болест. Како што во една прилика призна и самиот Лаушевиќ, особено го ценел колегата Небојша Глоговац. Сега, двајцата се починати од една иста болест – рак на белите дробови.
Милица, сопругата на покојниот Глоговац, вчера се огласи на својот Инстаграм профил и сподели спомен од Жарко Лаушевиќ.
Таа сподели фотографија од еден долар со натпис: „За Сунчица, за среќа, Лауш“ – гласеше посветата на Жарко Лаушевиќ на ќерката на Небојша Глоговац и Милица.
-Да се знае, не испрати тој само еден плик за Сунчица. Но, овој пат имаше една необична. Два долари, хартија ретка, со посвета. Од ретките за ретките. Посакувам да можев да ве видам тогаш, на пристаништето во Њујорк… Двајца средовечни луѓе. Не можевм,е да претпоставиме што ќе се случи шест месеци, а потоа шест години подоцна. Но, што ви било грижа за тоа? Живеевте надвор од светот, отидовте во светлината. Ти благодарам Жарко, ти си човек – напишала Милица Глоговац со објавата.