Убавата турска актерка Бергузар Корел, која ја запознавме во серијата „1001 ноќ“ во 2010 година, денес има 42 години и е сосема поинаква од црнокосата која што ја паметиме.
Убавицата од „1001 ноќ“ беше позната по својата долга, густа црна коса, но реши целосно да ја отфрли косата од својот заштитен знак. Бергузар ја скрати косата, ја обои и ги шокираше следбениците на социјалните мрежи со својата драстична трансформација.
Познатата актерка стекна голема популарност со улогата на Шехерезад, а додека работеше на таа улога го запознала својот сопруг Халит Ергенч (54) кој го играл нејзиниот партнер во серијата. Љубовта се случила и во нејзиниот приватен живот, па таа и Халит се во брак, заедно се од 2009 година, ги имаат синовите Али и Хан и ќерката Лејла.
Кога се запознаа во серијата, Бергузар имаше 24 години, а Ергенч беше во брак со актерката Гизем Сојсалди, која беше 14 години помлада.
Набрзо се случи хемија на снимањето, Халит побара развод од сопругата Гизем, која во тоа време беше бремена и затоа реши да абортира. Халит на поранешната сопруга и платил 250.000 лири по разводот и се оженил со Корел во 2009 година, по завршувањето на снимањето на серијата. Бергузар била зафатена кога го запознала Халит, па ја прекинала долгогодишната врска поради чувствата кон него.
Изгледа дека тие си нашле сродна душа еден во друг, па овој актерски пар и денес е во среќен брак.