Познати Мицевска ќе стане мајка

Актерката Емилија пред најважната улога на светот – прекрасната вест ја соопшти на уникатен начин (ФОТО)

„Вчера ја одиграв Адамсови за последен пат сезонава. Сега ќе морам да се посветам на најважната улога на светот“, напиша Мицевска.

Актерката Емилија пред најважната улога на светот – прекрасната вест ја соопшти на уникатен начин (ФОТО)

Македонската актерка Емилија Мицевска за кратко ќе ја напушти театарската сцена каде игра значајни улоги за да може да се посвети на најважната улога која може да ја добие во животот.

Таа викендов објави прекрасна вест – наскоро ќе стане мајка.

Избра оригинален начин да ги информира пријателите, колегите и публиката дека е бремена. Таа објави фотосесија во која позира со трудничкото стомаче додека го носи “крвавиот“ костим во кој маестрално глуми во претставата „Адамсови“.

„Вчера ја одиграв Адамсови за последен пат сезонава. Сега ќе морам да се посветам на најважната улога на светот“, напиша Мицевска.

Емилија Мицевска дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2014 година и истата година станува член на ансамблот на Драмски театар. Во актуелниот репертоар ја гледаме во претставите: „Мојот маж“, „Фамилијата Адамс“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“.

Претходно настапувала во повеќе значајни продукции на ДТС, меѓу кои: „Лет над кукавичјото гнездо“, „Фестен“ и „Атена со пенис“.

Активна е и на филм и телевизија, со улоги во: „Кајмак“ (2022), „Домаќинство за почетници“ (2023), „Јон Вардар против Галаксијата“ (2024) и „Убиј ги прво децата“ (2024).

To top