Актерката Ребел Вилсон во своите мемоари тврди „дека член на британското кралско семејство еднаш ја поканил на оргија и употреба на дрога“ за време на забава во Јужна Калифорнија, пишува Page Six.
Иако австралиската актерка не именува за кој член на кралското семејство станува збор, таа тврди дека лицето е машко и веројатно „петнаесеттиот или дваесеттиот во редот за британскиот трон“.
Ребел тврди дека била поканета во последен момент во 2014 година, а лицето од кралското семејство ѝ објаснило дека се потребни „повеќе девојки“ на забава со средновековна тема во домот на американски технолошки милијардер во близина на Лос Анџелес.
– Каква совршена можност да најдам момче, си помислив – пишува актерката во својата книга.
Вилсон потсети дека забавата вклучувала акробати кои се лулаат, мажи кои се борат на коњи и базен полн со жени облечени како сирени, како дека го видела членот на британското кралско семејство додека се делела дрогата.
Посочува дека побегнала од забавата.
– Гледам како членот на британското кралско се превртува наоколу додека постојано ги кревам градите. Тие се мојата најдобра физичка карактеристика – напишала таа и додала дека по раскошниот огномет се појавил уште еден неименуван маж со нешто што личело на бонбони, а всушност била дрогата МДМА.
Кога прашала за што е, добила одговор: „Ах, за оргии е… Оргиите обично почнуваат во овој момент, но тогаш го разбрала коментарот дека се потребни повеќе девојки“.
Таа додаде дека тогаш била невина, а од забавата побегнала без да биде сведок на оргиите.
– Непотребно е да се каже, го подигнав фустанот во раце и истрчав од таму најбрзо што можев – заклучила таа.