Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша отпатува во Милано од каде реши да објафи фотографии за своите вредни следбеници на иснатграм-профилот.
Таа сподели неколку фотографии од ресторанот, а судејќи по нив италијанската пица многу ѝ се допадна. Таа уживала во секој залак како мало дете.
View this post on Instagram
Јелена покрај фотографиите само ставила емотикон за пица во описот на објавата, а обожавателите со ентузијазам коментирале.
– „Вака изгледа сонцето среде зима“; „Ти си најубава“; „Нема појака риба“, ова се само дел од комплиментите за пејачката.
Јелена почетокот на јануари го помина во атрактивниот Дубаи. Таа се одмори по напорната 2023 година, во која објави два албума, „Алфа“ и „Омега“, кои имаат милиони слушатели.