Познати

„Ајде да кажеме дека сме…“ – Карлеуша откри во каков однос е со младиот кошаркар

„Ајде да кажеме дека сме…“ – Карлеуша откри во каков однос е со младиот кошаркар

Јелена Карлеуша неодамна се разведе од фудбалерот Душко Тошиќ, а веќе извесно време се шират гласини дека пејачката веќе стапила во нова врска.

На некој начин тоа и самата го потврди неодамна, а се осврна и на новата врска.

– Можам да кажам дека има некој. Но, сè во свое време… – изјави неодамна таа.

– Јас и Душко не сме во врска маж-жена долго време, односно повеќе од пет години и би било нереално никој да не ми се додворува, никој да не ме сака и никој да не се обиде да ме гушне и бакне. Не велам дека сум заљубена, но задоволна сум – додала Јелена, без да го открие идентитетот на нејзиниот нов избраник.

Разбирливо, многумина се прашуваа кој е мистериозното ново момче на Карлеуша, а потоа се шпекулираше дека тоа е никој друг туку младиот кошаркар Никола Јовановиќ, кого таа го следи на Инстаграм.

Пејачката не ги криеше симпатиите кон младиот спортист, кого првпат јавно го спомна кога учествуваше во предизвик, велејќи дека му нема рамен кога е во прашање физичкиот изглед. Сега таа ја откри и природата на нивната врска, оставајќи отворени карти – или барем така го прифатија многу луѓе.

-Се следиме на Инстаграм, тој е убаво и прекрасно момче, да речеме дека сме добри пријатели, така ќе кажам сега. Зошто не го прашаш Никола? Најдете го и прашајте го, ќе биде интересно – низ смеа рекла Јелена.

Најнови вести од Познати

To top