Адвокатот на Шакира, Пау Молинс изјави дека колумбиската пејачка би ја чинело многу помалку доколку наместо во Жерар Пике се заљубела во Серхио Рамос.
Во интервју во Ел Мон за RAC1, Молинс го коментираше неодамнешното судење на Шакира за даночно затајување, наведувајќи дека доколку не живеела во Каталонија, ќе се извлечела со три од шесте дела за кои е обвинета, бидејќи во Мадрид нема данок на имот.
Колумбиската поп-ѕвезда постигна спогодба со шпанските обвинители во случајот за затајување данок пред официјалниот почеток на судењето и плати казна од 7,5 милиони.
„Тие зборуваат толку многу за еднаквоста на Шпанците, а ако сте жител на Каталонија, можете да одите во затвор за криминал што е невозможно во Мадрид, бидејќи нема данок на имот“, рече тој.
Сепак, посебно внимание привлече она што тој го кажа потоа.
„Да се заљубеше во Серхио Рамос, наместо во Жерар Пике, тоа ќе ја чинеше многу помалку пари“, изјави Молинс.
Тој исто така истакна дека Шакира е невина и дека немала желба да ја измами државата, додавајќи дека „тоа е многу комплицирано прашање со светските уметници кои се секогаш во движење“.
Токму Серхио Рамос неодамна и врачи награда на Шакира на Латинските Греми награди што се одржаа во Севиља, а потоа се пофали со фотографијата на социјалните мрежи.