Познатата манекенка Адријана Лима (42) последните месеци е на удар на критики поради своето „деформирано“ лице, а обожавателите редовно заклучуваат дека таа се „уништила со операции“.
Затоа познатата убавица, поранешниот ангел на Викторија, реши да стави крај на шпекулациите, а проговори за последните дискусии на социјалните мрежи, започнати по нејзиното појавување на премиерата на филмот „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes“ во Лос Анџелес.
-Ова е лицето на уморна мајка на тинејџерка, двaјца пред-тинејџери, од кои едното е активно момче, едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња… Ви благодарам за грижата, напиша Лима на својата приказна на Инстаграм.
Неодамна познатата манекенка, која го роди своето трето дете на 28 август 2022 година, изјави дека мајчинството и променило сè во животот и дека грижата за себе понекогаш била на втор план поради децата.
Од бракот со Марко Јариќ има две ќерки, а син со филмскиот продуцент Андре Лемарс.