Живееме во време-невреме, време во кое секој од нас носи маска за да се заштити од овој лажен свет… Дали е вистинско време да ги извадиме маските и да бидеме навистина среќни?
По, се изгледа време е!
Сите кои се чуствуваат осамено и изморено без сомнеж ќе се пронајдат во најновата песна на нашата музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано…
Неговата нова песна, која со нетрпение ја очекуваше публиката носи наслов „Маскенбал“, на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.
„Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби, Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде цели три дена траеше снимањето на истиот.
Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески, кој и овојпат го даде својот максимум.
Она што е вредно да се напомене, е тоа што за овој видеоспот беше изработен специјален костим, а него го изработи познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.
Помагатели за да се реализира овој музички проект се: „Fisherman’s Friend“, „Extreme Cosmetics“, „ЈК Травел“, „Јосифов автомобили“, „Диоптра“ и „Студио Ив“.
Инаку ова е само најава за она што следува од Лозано во блиска иднина…
Уживајте во – „Маскенбал“.