Музика Со неговиот вокал

ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ: Промоција на проектот „Ој девојче“

Ви го претставуваме нашиот нов проект – колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче”, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол – Тоше Проески

ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ: Промоција на проектот „Ој девојче“

Во „Интермецо бар“ во Скопје вечер ќе биде промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и етно групата Синтезис кој е издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.

-Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект – колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче”, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол – Тоше Проески. Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис. (МИА)

To top