Полека, но сигурно дојдовме до првото четвртфинале од музичкото талент-шоу “Пат до Ѕвездите”.
Полека, но сигурно доаѓаме до најдобрите кандидати, а тоа значи дека жирикомисијата има и ќе има сѐ потешка задача во иднина.
Овојпат, покрај постојаните членови на жирикомисијата составена од Роберт Саздов и Стојне Николова, гостин беше и популарниот Петар Ѓеоргиевски – Камиказа.
Се разбира, некој од кандидатите ќе продолжи понатаму, но за дел од нив шоуто ќе биде завршено и среќата ќе си ја пробаат следната сезона.
За тоа не го пропуштајте најново издание на “Пат до Ѕвездите”, вечерва во 20:30 часот на телевизија “Алфа” и “Балкан Мјузик”..