Музика 21 часот

ВЕЧЕРВА ФИНАЛЕ НА ЕВРОВИЗИЈА 2024: Еве кои земји се натпреваруваат за престижната награда

ВЕЧЕРВА ФИНАЛЕ НА ЕВРОВИЗИЈА 2024: Еве кои земји се натпреваруваат за престижната награда

Вечерва се одржува големото финале на музичкото натпреварување Евровизија 2024 година.

По двете полуфинални вечери, борбата за престижната награда на трофејот Евровизија 2024 продолжува во финалето во кое се натпреваруваат 26 изведувачи.

Во финалето се пласираа и претставниците на Србија, Словенија и Хрватска од просторот на поранешна Југославија.

Според одредбите на натпреварот, членовите на таканаречената „Големата петорка“ Германија, Шпанија, Италија, Велика Британија и Франција автоматски се пласираа во финалето заедно со минатогодишниот победник Шведска.


X / Eurovision Song Contest

Покрај нив, во финалето ќе гледаме и слушаме претставници на Украина, Луксембург, Холандија, Израел, Литванија, Естонија, Ирска, Латвија, Грција, Норвешка, Србија, Финска, Португалија, Ерменија, Кипар, Швајцарија, Словенија , Хрватска, Грузија и Австрија.

Од минатата година во полуфиналните вечери гласа само публиката, а преку евровизиската апликација ќе може да гласаат и гледачите од земјите кои воопшто не се натпреваруваат.

To top