Украина на годинашниот избор на песна за Евровизија што ќе се одржи во Малме ќе настапи со композицијата „Тереза и Марија“ во изведба на Алоња Алоња и Џери Хејл.
Изборот на песната што ќе ја претставува земјата на Евросонг, познат како Видбир бил снимен од безбедносни причини.
Динамичната песна со карактеристичен украински мелос што ја изведуваат Алоња и Џери ведаш ги освои симпатиите на слушателите и според евровизиските обложувалници, таа е фаворит за победа на годинашното издание на Евросонг.