Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ денес, четврток, 04-ти јуни 2024 го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“ и ја одржаа првата PRESS конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје .
Промоцијата и PRESS-от се одржаа во просториите на Универзитетот „СКОПЈЕ“ ( екс-Универзитет за туризам и менаџмент) со почеток во 13:00 часот. Пред бројните ТВ екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на бендот, како и познати музичари од постарата генерација, покрај премиерата на видото за поп-рок баладата „За тебе“, беа јавно промовирани и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“, како и преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група од 70-ите „Триангл“, снимени во живо на недодамнешниот концерт на „Меморија“ во „Домот на млади“ во Штип.
По воведниите зборови на модераторот, инаку бивш член и еден од основачите на „Меморија“, денес ПР на бендот, новинарот и водител Антонио Димитриевски, промоцијата ја отвори лидерот на групата Петар Георгиевски Камиказа. Тој говореше за соработката со Универзитетот „Скопје“, по што збор зеде и ректорот на оваа високобразовна установа, Аце Миленковски, кој говореше за значењето, пом,ошта и соработката помеѓу универзитетот и бендот.
Откако беа најавени, присутните ги видоа двата видеозаписи – едниот за поп рок медлито од рефрени на познати македонски песни со стихови кои имаат патриотска содржина, насловено „Македонски бисери“, како и споменатата преработка на некогашната рок тема „Јано“ на рокерите од 70-ите, „Триангл“.
Откако беше претставена нишката „Македонски бисери“ како „музички ѓердан обесен на вратот на Јана мома“, како што тоа фигуративно го најави модераторот Димитриевски, тој ја најави и видеопремиерата на баладата „За тебе“. Песна чии стихови допираат сечија душа, но во една ќе останат да светат довека како кандилце. Песната која за жал и стана посветена на прерано починатата сопруга на пејачот на бендот Поце Икономов, во чија чест лидерот Георгиевски побара од присутните да и оддадат почит со едноминутно молчење.
Пото микрофонот го презедоа новинарите кои поставуваа рзни прашања поврзани промовираните песни и нивната приказна, досегашната и идна кариера на бендот, со датумот на излегување на нов албум и деталите околу претстојниот голем солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје кон средината на ноември. За прв пат пред претставниците на медиумите јавно беше претставена и новата постава, поточно новиот гитарист на „Меморија“, прилепчанецот Рубин Димкоски кој ги доби сите пофалби за неговото свиречко умеење и енергијата која ја носи во себе и прикажува на сцената.
На промоцијата се случи еден несекојдневен куриозитет, кога на едно од новинарските прашања (Соња Алексоска – Неделковска) лидерот на „Меморија“ не можеше да ги сокрие солзите, па откако го совладаа сеќавањата и спомените и јавно заплака, што досега на Перо – Камиказа не му се случило, но ете… Никој не е посилен од емоциите, колку и да изгледа дека е силен и важи за еден од оние, тврдокорните.
Во дијалогот со новинарите свој збор зедоа сите членови на групата, кажувајќи секој од нив одделно по некоја своја случка, настан или догодовштина од членувањето во „Меморија“.
По официјалниот дел на промоцијата слсдуваше неформално дружење на присутните со богата коктел закуска која ја приредија домаќините на настанот од универзитет „Скопје“.