Музика „КултурОп“

Симон Трпчевски со „Македонисимо“ во Романија ја почнува концертната 2025

Делото од богатата македонска традиционална музичка ризница низ аранжманите на Панде Шахов ќе се најде на програмското концертно „мени“ заедно со дела од Шостакович и Гершвин.

Симон Трпчевски со „Македонисимо“ во Романија ја почнува концертната 2025

Нашиот светски познат пијанист Симон Трпчевски утревечер со оркестарската изведба на проектот „Македонисимо“ во Романија ја стартува концертната 2025 година.

Придружувани од Симфонискиот оркестар на Филхармонијата Банатул од Темишвар, под диригентстака палка на Раду Попа, „Македонисимо Квинтетот“ на овој концерт ќе го сочинуваат и Владимир Крстев на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките ќе биде Влатко Нушев. Делото од богатата македонска традиционална музичка ризница низ аранжманите на Панде Шахов ќе се најде на програмското концертно „мени“ заедно со дела од Шостакович и Гершвин.

Како што информира „КултурОп“, веќе следниот ден Трпчески почнува со својата мастер класа на Конзерваториумот за музика и балет во Љубљана, а концертните ангажмани ќе ги продолжи во февруари со настапот во Нови Сад како солист на Војводинската филхармонија со диригентот Габриел Бебешелеа, потоа со три концерти во Балтимор со Симфонискиот оркестар од овој американски град под диригентската палка на Кристијан Мачелару и две вечери во салата „Бетовен“ во Штутгарт, Германија како солист на Штутгартскиот филхармониски оркестар со маестро Јан Вилем Де Фриенд зад диригентскиот пулт.

To top