Музика „Гост“

Шведски хеви-метал бенд забрани телефони на своите настапи

Шведски хеви-метал бенд забрани телефони на своите настапи

Мобилните телефони се строго забранети на концертите на шведскиот хеви-метал бенд „Гост“ (Ghost). Тоа, како дел од борбата на составот против „морето од мобилни“ на нивните настапи, каде што публиката премногу често гледа во екраните наместо да ужива во изведбите.

„Гост“ е шведски метал-состав основан во 2006 година. Тие се познати по песните „Square Hammer“, „Cirice“, „Dance Macabre“, „Rats“, „Year Zero“, „Mary on a Cross“, „He Is“ итн.

На концертот во Олимписката сала во Минхен што ќе се одржи в четврток, на 24 април, како и на сите наредни концерти во Германија, посетителите ќе треба да ги стават своите паметни телефони и часовници во посебни ќеси кои ќе бидат заклучени за време на концертите, а ќе може да се земат само во случај на потреба од итни повици.

„Гост“ ја воведоа оваа практика во 2023 година и се чини дека идејата е добра и полезна. Со тоа, составот се обидува да го минимизира и отстрани одвлекувањето, т.е. да ја врати вистинската поврзаност меѓу изведувачите и обожавателите заради автентичното концертно искуство.

To top