Музика

СЕКОЈ ЗБОР ЌЕ ГО СЛУШАТЕ И ЌЕ СЕ ЕЖИТЕ: Објавена последната песна на Тоше Проески снимена во 2004-та година „Кажу да време лечи све“ (ВИДЕО)

СЕКОЈ ЗБОР ЌЕ ГО СЛУШАТЕ И ЌЕ СЕ ЕЖИТЕ: Објавена последната песна на Тоше Проески снимена во 2004-та година „Кажу да време лечи све“ (ВИДЕО)

„Kажу да време лечи све” е новата објавена песна на нашата најголема мега ѕвезда Тоше Проески која со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка.

Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како (диџеј Ерик Фокс). Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Првата демо снимка е направена во септември 2004-та година во домашното студио на Кирил. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

За спотот се погрижи екипата на „Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан и многу други.

Најнови вести од Музика

To top