Музика музички проект

Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“ – почеток на ново музичко поглавје

Преку динамични сцени и внимателно избрана естетика, видеото ја пренесува пораката дека вистинската слобода доаѓа кога ќе ги надминеме сопствените ограничувања.

Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“ – почеток на ново музичко поглавје

Македонската пејачка Полина Тас ја претставува својата нова авторска песна „Феномен“, проследена со впечатлив и визуелно силен видео запис. Со овој проект, таа започнува ново музичко поглавје во кое автентичноста, емоцијата и личната слобода се во центарот на нејзиниот израз.

„Феномен“ е современа поп композиција со модерен звук, која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој. Песната зборува за личност која не се вклопува во шаблони, туку токму во тоа ја наоѓа својата сила“, вели Полина.

ПР тим на Полина Тасева

Видео записот за песната е снимен на неколку локации, со симболични и минималистички елементи каде ја прикажува уметницата во различни состојби – од ранливост до самодоверба. Преку динамични сцени и внимателно избрана естетика, видеото ја пренесува пораката дека вистинската слобода доаѓа кога ќе ги надминеме сопствените ограничувања.

Со ова издание, Полина Тас продолжува да го гради својот препознатлив музички и визуелен идентитет, најавувајќи серија нови песни и видео записи кои ќе ја откриваат нејзината уметничка визија.
Феномен“ е дел од истоимениот музички проект на Полина, кој ќе биде објавен постепено во текот на годината.

ПР тим на Полина Тасева

Во овој музички проект учествуваат; Иван Костадинов- Панда како продуцент и автор на песната, зад видео записот се потпишува Владислав Гавриловски, уметникот Бојан Ковски кој воедно е и главниот машки лик во спотот. Модните уникатни креации се на Мите Занов, а зад целата идеа на видеото стои креаторот Андреј Папаз.

Видео записот за „Феномен“ е достапен на YouTube и сите дигитални платформи.

To top