Музика Концертот е бесплатен за публиката

Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости на концертот на Бојана Скендеровски

Штип за Бојана не е само уште една концертна станица, туку град поврзан со едни од најзначајните моменти во нејзината кариера. Токму на сцената на легендарниот фестивал „Макфест“ таа ги освои своите две големи победи со песните „Немам одбрана“ и „Диви цветови“, а од Штип симболично започна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“.

Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости на концертот на Бојана Скендеровски

По скопскиот концерт, Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат со штипската публика. На 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, таа ќе одржи концерт кој ќе донесе вечер исполнета со музика, емоции и блиска средба со публиката.

Концертот ќе биде збогатен со двајца специјални гости Огнен Здравковски и Коки Јанков, кои заедно со Бојана ќе создадат дополнителна енергија на сцената и ќе ја направат оваа музичка вечер уште поуникатна за штипската публика.

Штип за Бојана не е само уште една концертна станица, туку град поврзан со едни од најзначајните моменти во нејзината кариера. Токму на сцената на легендарниот фестивал „Макфест“ таа ги освои своите две големи победи со песните „Немам одбрана“ и „Диви цветови“, а од Штип симболично започна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“.

Концертот почнува во 20 часот и е бесплатен за публиката, во знак на благодарност за долгогодишната поддршка од штипската публика, на која Бојана ѝ ветува незаборавно музичко патување низ нејзината повеќе од две децении долга музичка кариера.

Најнови вести од Музика

To top