Музика штета

ОЧИТЕ НАЈМНОГУ ГО ИЗДАДОА КОЛКУ МУ Е ТЕШКО: Прва изјава на хрватскиот претставник на кого за влакно му избега побадата, не ги штедеше зборовите! (ВИДЕО)

Хрватскиот претставник Лазања и неговата песна освоија 547 поени (210 од жирито и 337 од публиката).

ОЧИТЕ НАЈМНОГУ ГО ИЗДАДОА КОЛКУ МУ Е ТЕШКО: Прва изјава на хрватскиот претставник на кого за влакно му избега побадата, не ги штедеше зборовите! (ВИДЕО)

Натпреварувачот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“ .

Во финишот на натпреварувањето, Немо беше на второто место кај обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да дојде до првото место.

Бејби лазања од Хрватска пред неколку месеци со песната „Рим Тим Таги Дим“ важеше за главен фаворит и беше на првото место за победа на речиси сите обложувалници, но синоќа сепак го освои второто место.

Хрватскиот претставник Лазања и неговата песна освоија 547 поени (210 од жирито и 337 од публиката).

Лазања ја даде својата прва изјава веднаш по поразот.

– Беше одлично, беше напнато, мило ми е што завршивме втори, среќен сум и задоволен. Секако, повеќе би сакал да завршевме први. Мислам дека дадовме се од себе и дека публиката покажа дека сепак направивме нешто добро – рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dora HRT (@dora.hrt)

На социјалните мрежи се појавија куп видеа од плоштадот во Загреб, преполн со луѓе, кои со цело срце ја поддржуваа својата земја и Бејби Лазања и внимателно ја следеа Евровизија 2024, но Швајцарија сепак победи.

To top